Израелските војници ладнокрвно пукаат во невооружени палестински цивили кои не претставуваат никаква закана

Израелската армија рани Палестинец со гумен куршум во главата среде бел ден додека бил со ќерката пред својата куќа во окупираниот Западен Брег.

Инцидентот се случил вчера во Хабла во градот Калкилија.

На снимката од безбедносните камери, која е споделена на социјалните мрежи, цивили и деца се движат нормално и нема ништо невообичаено.

Палестинецот само паѓа на земја откако е застрелан во главата.

На видеото се гледа паничната реакција на неговата ќерка, а случајните минувачи притрчуваат да му помогнат.

Репортерот на Анадолу јави дека инцидентот се случил додека израелските сили вршеле упади во домовите на Палестинците во областа.

Изворите наведоа дека мажот, повреден од израелски војници со гумен куршум во главата, е пренесен во болницата Дервиш Назал во Калкилија.

Видеата од инцидентот се проширија на социјалните мрежи, а реакциите, главно, се осуда на постапката и тоа дека израелските сили ладнокрвно гаѓаат невооружени палестински цивили кои не претставуваат никаква закана.

AA
Популарни