Наредбата, наводно, била издадена затоа претходно израелските војници биле нападнати од мажи во цивилна облека / Photo: AA

Во прелиминарната истрага за убиството на тројцата израелски заробеници, кои израелските војници ги прогласија за „случајно убиени“ во Појасот Газа на 15 декември, беше откриено дека на израелските војници им било наредено да ги убијат сите мажи кои се способни за војување.

Израелската Армија соопшти дека е завршена прелиминарната истрага за убиството на тројца израелски затвореници од страна на израелските сили на 15 декември во регионот Шукаија во Појасот Газа, кој од 7 октомври е цел на тешки израелски напади.

Во соопштението во врска со истрагата на 828-та Бригада на израелската Армија, се наведува дека на денот на инцидентот биле издадени нови наредби до војниците во таа област.

Истрагата откри дека војниците добиле наредба „да отворат оган врз секој маж на борбена возраст што ќе им пријде“.

Наредбата, наводно, била издадена затоа што еден ден претходно израелските војници биле нападнати од мажи во цивилна облека.

Израелската Армија на 15 декември соопшти дека по грешка идентификувала тројца израелски заложници како закана за време на судирот во Шукаија и дека Армијата отворила оган и убила тројца израелски државјани.

AA
Популарни