307 членови на Хезболах беа убиени во судирите со Израел од 8 октомври минатата година / Photo: AA

Израелската армија соопшти дека еден од командантите на Хезболах, Касим Саклави вчера бил убиен во воздушен напад во јужен Либан. Саклави е командант на ракетната единица во рамки на крајбрежната дивизија на Хезболах.

Во соопштението се вели дека нападот бил извршен со дрон во близина на градот Сур на југот на Либан. Хезболах потврди дека Саклави е убиен, без да даде детали.

307 членови на Хезболах беа убиени во судирите со Израел од 8 октомври минатата година. Убиени се и 61 либански цивил, 19 од движењето Амал, 13 од Хамас, 15 членови на Исламски џихад, 14 израелски војници и десет израелски цивили.

TRT Balkan
Популарни