Израелската Армија изврши напад врз градот Џенин на северот на окупираниот Западен Брег и го опколи бегалскиот камп во тој град.
Според информациите на очевидци, израелската Армија го нападнала градот Џенин и ги пребарала домовите и работните места на Палестинците.
Конфликт избувна меѓу израелските војници, кои приведоа најмалку еден Палестинец во Џенин, и локалното население. Израелските војници употребија боева муниција против Палестинците кои се спротивставија на рацијата и приведувањето и фрлаа камења.
Медицински извори наведоа дека најмалку еден Палестинец е повреден и пренесен во болница.
Булдожери на израелската Армија ги оштетија улиците околу бегалскиот камп Џенин. Израелската Армија испрати засилување околу кампот и го држи под опсада.
Во раните утрински часови, израелската Армија изврши рација во многу градови на окупираниот Западен Брег и приведе голем број Палестинци.
Од 7 октомври 2023 година, кога Израел го започна својот напад врз Појасот Газа, има зголемен број приведувања, рации и напади врз Палестинците на окупираниот Западен Брег и во Источен Ал Кудс (Ерусалим).
Палестинското Министерство за здравство објави дека 543 Палестинци се убиени во нападите на израелските војници и илегалните доселеници на Западниот Брег и во Источен Ал Кудс од 7 октомври минатата година.