Државната либанска новинска агенција ННА соопшти дека израелската aрмија отворила рафален оган од митралез / Photo: Reuters

Израелската Армија утрово отвори оган кон градот Накура во јужен Либан, што е најновото прекршување на прекинот на огнот што стапи на сила минатата недела.

Државната либанска новинска агенција ННА соопшти дека израелската Армија отворила рафален оган од митралез.

Според евиденцијата на Анадолу, во текот на вчерашниот ден израелската Армија извршила 11 прекршувања на прекинот на огнот, нишанејќи ги јужните либански градови, со што вкупниот број прекршувања од 27 ноември се искачи на 73.

Прекршувањата вклучуваат уништување домови, артилериско гранатирање, прелети на воени авиони над либанска територија, пукотници, упади и уништување на патишта и земјоделски површини со булдожери.

Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Либан ја запре прекуграничната војна меѓу израелските сили и Хезболах од почетокот на војната во Газа.

Според условите на примирјето, Израел треба да ги повлече своите сили јужно од Сината линија, де факто границата, во фази, додека либанската Армија ќе ги распореди своите сили во јужен Либан во рок од 60 дена.

Според либанските здравствени власти, над 3.960 луѓе загинаа, а повеќе од 16.500 се повредени во израелските напади во Либан од октомври минатата година.

AA
Популарни