Израелската армија отвори оган врз две возила на брза помош во Газа / Photo: AA

Израелската армија доцна синоќа отвори оган врз две амбулантни возила во блокираниот Појас Газа, при што повредени беа три лица.

Инцидентот се случил во областа Фалуџа во северниот дел на Газа, информираат од палестинската Црвена полумесечина.

Ранети се двајца болничари од палестинската Црвена полумесечина и трето лице.

Израелската армија во текот на вчерашниот ден во Газа, бомбардирала и куќа во сопственост на јорданско семејство, се наведува во соопштението на јорданското Министерство за надворешни работи.

Во нападот, еден јордански државјанин е убиен, додека друг е тешко ранет.- соопшти Министерството.

Ранетиот е префрлен во Баптистичката болница Ал-Ахли во Газа.

Јорданските власти претходно најавија евакуација на 507 од вкупно 741 нивни граѓани од Појасот Газа.

Израелската армија го продолжи бомбардирањето на Појасот Газа во петокот, откако прогласи крај на еднонеделната хуманитарна пауза.

Според Министерството за здравство во Газа, од петокот до сега во израелските напади, убиени се најмалку 509 Палестинци, а 1.316 се повредени.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Бројот на загинати од израелските напади врз Појасот Газа се искачи на 15.523 од почетокот на конфликтот на 7 октомври, објави во неделата Министерството за здравство во опколената палестинска енклава.

Бројот на ранети во истиот период се искачи на 41.316.

Официјалниот израелски број на загинати изнесува 1.200.

TRT Balkan / агенции
Популарни