Во понеделникот, израелската војска објави дека воспоставила оперативна контрола над околу 70 отсто од Рафах / Photo: AA

Израелската армија во вторникот продолжи со упадот во градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа и централните области на палестинската енклава за време на судирите со палестинските групи на отпорот.

Во соопштението на израелската армија се вели дека бригадата Гивати, која е дел од 162-та дивизија, учествувала во судири со палестински вооружени лица во Рафах, тврдејќи дека убила неколку од нив, без да се прецизира точниот број.

Како што јави репортерот на Aнадолу Агенција од Рафах, кој се наоѓа на јужната граница на Газа со Египет, израелската армија од рано утрото силно го гранатира квартот Тел ал Султан во западен Рафах.

Во централниот дел на Појасот Газа, израелските трупи исто така продолжија со нападите додека авиони и артилерија истовремено извршуваа напади на тој дел од Газа.

Бригадите Ал-Касам, вооруженото крило на Хамас, доцна во понеделникот соопштија дека нивните борци погодиле два израелски тенкови во Тел ал-Султан со противтенковски гранати „Јасин 105“.

Во понеделникот, израелската војска објави дека воспоставила оперативна контрола над околу 70 отсто од Рафах и дека има за цел да стави крај на воената акција во областа во рок од неколку недели.

Израелската армија ја зазеде палестинската страна на граничниот премин Рафах, витален пат за хуманитарна помош во Газа, влошувајќи ги и онака тешките хуманитарни услови во палестинската енклава.

AA
Популарни