Израелската армија пумпа морска вода за да ги поплави тунелите на Хамас / Photo: AA

Израелската армија синоќа соопшти дека пумпа морска вода за да ја поплави мрежата на подземни тунели во Појасот Газа што ја користи Хамас.

„Пред да ги поплави тунелите, армијата спроведува „професионални и сеопфатни“ превентивни проверки, вклучително и анализа на системот на почвата и водата во областа, за да се осигура дека подземните води не се контаминирани“, објави израелскиот јавен радиодифузер.

„Тунелите се поплавени само на локации погодни за овој метод, без да се наруши користењето на подземните води“, пишува израелскиот весник Хаарец.

Според Хаарец, тоа е прва официјална израелска потврда за она што странските медиуми претходно го објавија во врска со употребата на вода од страна на војската за поплавување на тунелите во Газа.

На крајот на минатата година, Израел инсталираше систем на пумпи во северниот дел на Појасот Газа за да ги поплави тунелите со морска вода, како дел од операцијата наречена Море на Атлантида, според американскиот весник Волстрит.

Израел започна смртоносна офанзива на Појасот Газа на 7 октомври, при што загинаа најмалку 26.751 Палестинци, а беа повредени 65.636. Се верува дека во нападот на Хамас биле убиени речиси 1.200 Израелци.

Израелската офанзива остави 85 отсто од населението на Газа внатрешно раселено поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, според ОН.

AA
Популарни