Израелските сили по 12 часа ослободија одреден број новинари што беа приведени во болницата Ал-Шифа на северниот дел на Појасот Газа.
Канцеларијата за информации за затворениците соопшти дека одреден број новинари, вклучително и дописникот на Ал Џезира, Исмаил Ал-Гул, биле ослободени по 12 часа притвор во болницата Ал-Шифа.
Иако во соопштението не се дадени јасни информации за бројот на ослободени новинари, израелската армија сѐ уште не се изјаснила за ова прашање.
Телевизијата Ал Џезира изјави дека нејзиниот известувач Исмаил Ал-Гул и одреден број новинари биле ослободени од Израел по 12 часа поминати во болницата Ал-Шифа.
„Окупаторските сили ни ставија лисици во болницата Ал-Шифа, ни ги врзаа очите, нѐ испрашуваа и го уништија снимениот материјал“, рече Ал-Гул.
Наведувајќи дека морале да се предадат за време на рацијата на израелската армија во болницата Ал-Шифа, Гул рече дека израелските сили конфискувале телефони, компјутери и опрема за снимање и долго време ги држеле со лисици и врзани очи, без облека.
Израелската армија најави дека „ќе продолжи операцијата во болницата Ал-Шифа во Газа“.
„Според разузнавачките информации добиени од Агенцијата за внатрешна безбедност Шин-Бет (Шабак) и Воената разузнавачка единица (Аман), членовите на Хамас, вклучително и теренските команданти, се кријат во болницата и ја користат како оперативна област од каде што ќе управуваат со терористите, операциите и конфликтите“, изјави воениот портпарол Даниел Хагари.
Хагари наведе дека армијата „ќе продолжи да работи во болницата“.