Израелската армија разнесе палестинска куќа на југот на Западниот Брег / Photo: AA Archive

Израелската армија утринава на окупираниот Западен Брег ја разнесе куќата на Палестинецот кој беше убиен од израелските сили поради наводен напад со нож пред неколку месеци.

Државната палестинска новинска агенција Вафа објави дека израелските сили извршиле рација подрачјето на Дура во јужниот град Хеброн и го принудиле семејството на Момен Масалема да го напушти домот.

Потоа израелската армија ја кренала во воздух куќата како одмазда кон членот на семејството кого Израел го обвини дека извршил напад со нож во април, во кој загина израелски доселеник.

Израелските власти на 5 јуни го информирале семејството за одлуката да се урне куќата.

Според новинската веб-страница „Тајмс оф Израел“, Масалема бил убиен од израелските сили по нападот врз градот Ган Јавне, во кој загинал еден Израелец, а двајца беа тешко повредени.

Израелските власти применуваат политика на уништување на домовите на Палестинците обвинети за напади врз израелски војници и доселеници, што се смета за форма на меѓународно забрането колективно казнување бидејќи предизвикува раселување на цели семејства.

Во текот на изминатите неколку години израелската војска континуирано спроведува напади врз Западниот Брег, кои ескалираа со почетокот на војната во Газа на 7 октомври 2023 година. Палестинците, исто така, се напаѓани и од илегалните еврејски доселеници.

Според податоците на Министерството за здравство, оттогаш се убиени најмалку 620 Палестинци, а речиси 5.400 се ранети од оган на израелската армија на окупираната територија.

Меѓународниот суд на правдата на 19 јули ја прогласи повеќедецениската окупација на палестинската земја за „нелегална“ и побара евакуација на сите постојни населби на Западниот Брег и Источен Ал-Кудс (Источен Ерусалим).

AA
Популарни