Речиси 700 луѓе се убиени, а повеќе од 5.700 се повредени во израелската офанзива на Западен Брег  / Фото: AA

Израелската армија рано утринава се повлече од градот Џенин и бегалскиот камп во северниот дел на окупираниот Западен Брег по 10 дена напади, што резултираше со голем број смртни случаи и уништување.

Жителите на Џенин изразија стравување дека израелската армија ќе се врати во градот и кампот за да започне дополнителни напади по повлекувањето и позиционирањето на околните воени контролни пунктови, како што се случувало постојано во минатото.

Израелските сили ги уништија главните патишта во Џенин, бегалскиот камп и инфраструктурата во областа источно од градот. Водата, струјата и комуникациските линии беа прекинати како последица на копањето што го изврши израелската градежна механизација во подрачјето и урнатините.

Израелската армија на 28 август ја започна својата најобемна воена кампања на северниот дел на Западниот Брег во последните две децении.

Тензиите се интензивираа низ окупираниот Западен Брег додека Израел продолжува во својата офанзива во Појасот Газа, во која од минатиот 7 октомври загинаа над 40.800 Палестинци, претежно жени и деца.

Речиси 700 луѓе се убиени, а повеќе од 5.700 се повредени од израелски престрелки на Западниот Брег оттогаш, според подаоците на Министерството за здравство.

AA
Популарни