Во борбите во Газа загинаа 501 припадник на израелската армија / Photo: AA

Израелската Армија синоќа ја призна одговорноста за убивањето тројца војници за време на копнената операција на почетокот од овој месец во Појасот Газа, откако погрешно ги проценила како закана.

Војниците беа заробени од палестинската група Хамас во населбата Ал-Шуџаја во градот Газа.

На 15 декември, Армијата објави дека „тројца израелски заложници во Газа, погрешно идентификувани како закана, се застрелани и убиени во Ал-Шуџаја“, без да го прецизира нивниот идентитет, како и нивните чинови.

Говорејќи на прес-конференција, началникот на Генералштабот на израелската Армија, Херци Халеви, рече дека „раководството на Армијата се чувствува одговорно за убивањето на нашите заробени војници за време на неуспешниот обид за нивно ослободување“.

Халеви додаде дека „израелските одбранбени сили не успеаја во мисијата да ги спасат заробените во овој инцидент“.

Тој смета дека ненамерното убиство на војниците го смета за „сериозен инцидент со многу тешки последици“.

Портпаролот на израелската Армија, Даниел Хагари, на истата прес-конференција ја потврди веста, нагласувајќи дека „Армијата сноси одговорност за убиството на тројцата војници“.

Тој рече дека „војниците кои пукаа кон тројцата заробеници и ги убија беа под голем притисок“.

Според официјалните израелски податоци, бројот на загинати од армиските редови достигна 501 офицер и војник, од почетокот на војната во Газа на 7 октомври.

AA
Популарни