Засега, Хезболах не ја коментира изјавата на израелската армија / Фото: AFP

Израелската армија во понеделникот соопшти дека во текот на ноќта извршила воздушни и артилериски напади врз цели на Хезболах во градовите во јужниот дел на Либан.

„Во текот на ноќта, армијата нападна цели на Хезболах во јужен Либан, вклучително и воени структури во областа Кфаркела и инфраструктура во областите Хула, Ел Бјада и Раб Ел Талатин во јужен Либан“, се вели во соопштението.

„Артилерискиот напад е изврешен за да се отстрани заканата во областа Ал-Дахира, во јужен Либан“, се додава во соопштението.

Засега, Хезболах не ја коментира изјавата на израелската армија.

Тензиите се зголемија долж границата на Либан со Израел поради прекуграничните напади меѓу Хезболах и израелските сили додека Тел Авив продолжува со својата смртоносна офанзива против Газа, во која загинаа повеќе од 37.800 жртви по нападот на палестинската група на отпорот Хамас.

AA
Популарни