Палестинското здружение на затвореници соопшти дека апсењата се случиле во градовите Хеброн, Витлеем, Рамала, Наблус, Тулкарем и Џенин / Photo: AA

Силите на израелската армија во вторникот уапсија 32 Палестинци во воени напади на окупираниот Западен Брег, информира локална невладина организација. Во соопштението, Палестинското здружение на затвореници соопшти дека апсењата се случиле во градовите Хеброн, Витлеем, Рамала, Наблус, Тулкарем и Џенин. Не беше наведена причина за апсењата. Според невладината организација, над 5.000 Палестинци биле приведени од страна на израелската армија од почетокот на оваа година. За извештајот нема коментар од израелската војска. Израелската армија често спроведува широки кампањи за апсење низ окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим под изговор дека трага по Палестинци за кои се распишани потерници. Според палестинските податоци, Израел моментално држи околу 4.780 палестински затвореници, вклучувајќи речиси 160 деца и 29 жени.

AA
Популарни