Во израелските напади беа убиени 444 бебиња / Photo: AA

Во Појасот Газа, кој Израел го бомбардира со недели, досега се убиени 133 бебиња помлади од една година.

Министерството за здравство на Газа објави извештај во кој се содржани имињата, деталите за идентитетот и возраста на граѓаните убиени во израелските напади врз Газа меѓу 7. и 26. октомври.

Според извештајот, 2.913 од 7.028 лица кои загинале во израелските напади во овој период биле деца.

Во израелските напади беа убиени 444 бебиња, од кои 133 бебиња до една година, 153 бебиња на возраст од една година и 158 бебиња на возраст од две години.

Во израелското бомбардирање загинаа и 171 дете до три години, 1.527 деца од основно училиште (4-13 години) и 523 деца на средношколска возраст (14-17 години).

Покрај тоа, 2.262 жени биле убиени во нападите, а биле убиени и 462 лица постари од 60 години.

Во извештајот се наведува дека се уште не е можно да се утврди идентитетот на 281 лице кои загинаа во бруталните израелски напади врз Газа.

Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) во понеделникот, 30 октомври, објави дека 63 нејзини вработени биле убиени во израелски напади.

Од почетокот на израелските напади на 7. октомври, 35 новинари се убиени во Газа и еден во Либан.

Израелската војска ги прошири своите воздушни и копнени напади врз Појасот Газа, кој е под немилосрдно бомбардирање по ненадејниот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври.

AA
Популарни