Меѓународниот суд на правдата на 19 јули ја прогласи повеќедецениската окупација на Палестина од страна на Израел за „нелегална“ / Photo: AA

Израелската армија доцна синоќа принуди три палестински семејства од две села во близина на градот Џенин, на северниот окупиран Западен Брег, да ги напуштат своите домови и ги претвори во воени касарни.

Според официјалната палестинска новинска агенција Вафа, израелската армија принудила едно семејство од селото Анин да го напушти својот дом и го претворила во воена касарна.

Агенцијата го цитираше сопственикот на куќата, Јасер Јасин (61), кој вели дека војската упаднала во неговиот дом, го принудила неговото семејство да го напушти, а потоа го претворила во касарна.

Во друг сличен инцидент израелската армија, исто така, насилно избрка две семејства што живеат во двокатна куќа во селото Назлет Зеид од нивните домови и ги претвори во воени касарни.

Во текот на изминатите неколку години израелската армија вршеше редовни рации на Западниот Брег, а тоа ескалираше со почетокот на војната во Газа минатиот 7 октомври. Палестинците, исто така, беа нападнати од илегални израелски доселеници.

Според Министерството за здравство со седиште на Западниот Брег, оттогаш се убиени најмалку 722 Палестинци, а речиси 6.000 се повредени во оган израелската армија на окупираната територија.

Меѓународниот суд на правдата на 19 јули ја прогласи повеќедецениската окупација на Палестина од страна на Израел за „нелегална“ и побара евакуација на сите постојни населби на Западниот Брег и од Источен Ерусалим.

AA
Популарни