Палестинец рано утрово е смртно застрелан од израелската Армија на окупираниот Западен Брег.
„Граѓанин е убиен од куршуми на израелската армија во кампот Тулкарем“, соопшти палестинската новинска агенција Вафа.
Во соопштението се додава дека застреланиот е младото момче Махмуд Абу Саан (18), кој бил погоден во главата од окупаторските војници од непосредна близина.
Судири избија меѓу десетици млади Палестинци и израелските сили кога тие упаднаа во бегалскиот камп Тулкарем. За време на судирот израелските сили употребија жива муниција - метални куршуми и солзавец.
AA