И претходно израелските сили се обидуваа да ги спречат екипите на ТРТ да известуваат во Појасот Газа и Ерусалим / Photo: AA

Израелската полиција денес се обиде да ги попречи новинарите на турската национална телевизија „ТРТ хабер“ да известуваат за настаните од старото јадро на Кудс (Ерусалим), при што еден полицаец ја скрши камерата на новинарите.

Новинарите известуваа за блокирањето и употребата на сила на израелската полиција против Палестинците кои се упатија кон џамијата Ал Акса на петочна молитва.

Израелската полиција физички ја попречи екипата на „ТРТ хабер“, кршејќи им ја камерата со цевката од пушката додека ги пренесувала настаните во живо.

Репортерот на ТРТ рече дека тие ќе продолжат да ги покриваат тековните напади во Палестина. За време на преносот во живо, израелската полиција фрли солзавец во областа каде што се наоѓа џамијата.

Дописникот на ТРТ јави дека Израел забранува собири за молитва пред џамијата Ал Акса, осудувајќи ги сеприсутните попречувања и ограничувања со кои се соочуваат мирните муслимански верници.

Имаше голем број претходни случаи кога израелските сили се обидуваа да ги спречат екипите на ТРТ да известуваат во Појасот Газа и Ерусалим.

Оваа недела, израелските сили уште еднаш се обидоа да ја попречат петочната молитва, воведувајќи ограничувања за Палестинците кои сакаат да се молат во џамијата Ал Акса во стариот град на окупираниот Источен Ерусалим.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Најмалку 11.500 Палестинци загинаа, од кои околу 7.900 се жени и деца, а над 29.800 се повредени, според најновите податоци на палестинските власти.

AA
Популарни