Израелската полиција постави бодликава жица на влезот кон џамијата Ал Акса

Израелската полиција постави бодликава жица на влезот кон џамијата Ал Акса

На веб-страницата на гувернерот на Ерусалим/Ал Кудс е објавено соопштение за поставување бодликава жица
Израел го окупираше Источен Ал-Кудс/Ерусалим, каде што се наоѓа Ал-Акса, за време на Арапско-израелската војна во 1967 година / Photo: AA

Израелската полиција постави бодликава жица на ѕидовите околу една од портите што водат кон комплексот Ал Акса.

На веб-страницата на гувернерот на Ерусалим/Ал Кудс е објавено соопштение за поставување бодликава жица.

Во соопштението се наведува дека на ѕидовите околу капијата Есбат е поставена бодликава жица, за прв пат од 1967 година.

Се додава дека станува збор за опасен преседан, но не се наведуваат други детали.

Канцеларијата на гувернерот на Ерусалим/Ал Кудс објави дека 275 еврејски доселеници упаднале во џамијата Ал Акса под силна заштита на израелските сили на првиот ден од месецот Рамазан.

Портата Есбат е една од главните порти со кои Палестинците влегуваат во Стариот град и во џамијата Ал Акса.

Имамот и Хатиб од џамијата Ал-Акса во окупираниот Источен Ал-Кудс/Ерусалим, Екрима Сабри, рече дека на муслиманите треба да им се дозволи да се молат во мир за време на Рамазан.

Со доаѓањето на месецот Рамазан, сите очи се вперени во џамијата Ал-Акса, третото најсвето место за муслиманите, сместено во окупираниот Источен Ал-Кудс/Ерусалим.

Продолжија израелските напади врз Појасот Газа, кои траат од 7 октомври минатата година. Рациите и упадите продолжија на Западниот Брег.

Во сенка на нападите врз Газа, зголемена е загриженоста за израелските ограничувања на џамијата Ал Акса за време на Рамазан и можните инциденти кои може да се случат таму.

Во интервју за Анадолу, Сабри ги повика муслиманите да се молат во џамијата Ал Акса и ги критикуваше ограничувањата на Израел за Палестинците кои сакаат да одат на ова свето место.

Тој истакна дека израелските власти дале контрадикторни изјави за тоа кој и кои возрасни групи може да се молат во Ал Акса, како да ја поседуваат џамијата.

Трето најважно светилиште

За муслиманите, Ал Акса е третото најважно светилиште, а Евреите тврдат дека порано таму имало два еврејски храма.

Комплексот Ал Акса, кој зафаќа 15 отсто од областа на старото јадро на Ал-Кудс/Ерусалим, е под израелска окупација и претставува точка на средба на трите најголеми религии во светот.

Израел го окупираше Источен Ал-Кудс/Ерусалим, каде што се наоѓа Ал-Акса, за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. Израел го анектираше целиот град во 1980 година, а оваа акција никогаш не беше призната од меѓународната заедница.

TRT Balkan / агенции
Популарни