Израелската полиција употреби физичка сила против членовите на антиционистичката група Нетуреи Карта, кои закачија палестинско знаме во населба каде што живеат ултраортодоксни Евреи во западниот дел на Ал Кудс/Ерусалим.
Како што е наведено од групата и врз основа на снимката споделена на социјалните мрежи од страна на Меѓународната организација на антиционистички Евреи, израелската полиција жестоко интервенирала против членовите на групата Нетуреи Карта во населбата Меа Шерим во Западен Ерусалим.
На видеата може да се видат израелски полицајци како насилно туркаат членови на групата и ги удираат.
Нетуреи Карта е позната како ултра-ортодоксна еврејска заедница која се спротивставува на државата Израел и ционизмот на верска и морална основа и се истакнува во светот по поддршката за Палестина.