Снимката од „креветчето“ исполнето со празни чаури која намерно му е претставена на Илон Маск од страна на израелските власти за време на неговата посета покажува како земјата применува пропагандна тактика, изразува Центарот за борба против дезинформации.
Во соопштението објавено од Центарот за борба против дезинформации на Туркије, се истакнува дека посетата на Илон Маск на Израел ја разоткрива пропагандната кампања на израелската држава од почетокот на нејзината војна против палестинската Газа.
„Сликите објавени за време на посетата на Израел од страна на сопственикот на Tesla, SpaceX и платформата на социјалните медиуми X, Илон Маск, уште еднаш ги доведоа во прашање пропагандните тактики на Израел“, се вели во соопштението,
Центарот за борба против дезинформации идентификуваше тактика на манипулација во снимката од креветчето, бидејќи таа беше распространета со натпис, „креветчето - еден од симболите на нападот на Хамас врз Кибуците“.
Манипулираната слика на креветчето
Во креветчето кое му беше претставено на Маск, имаше неколку празни чаури. Сепак, на снимката снимена за време на посетата на поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи на 12 ноември, недостасуваат овие чаури.
Користејќи ја оваа тактика, Израел тврди дека креветчето било цел на напад на Хамас и внатре имало дете. Сепак, креветчето, наводно исполнето со празни чаури, не покажува знаци на оштетување. Како што соопштија од центарот, тоа треба подетално да се испита.
Освен тоа, чаурите пронајдени во креветчето се совпаѓаат со муницијата 7,62x51 MG3 што се користи како секундарно вооружување (митралез) во тенковите Меркава. Јасни докази за делови од муниција (синџир) користени за митралезот беа видливи во креветчето, се објаснува во соопштението.
Наводните напади на Израел врз куќите во кибуците
Израелката Јасмин Порат, која побара засолниште во куќа во еден од кибуците каде беше држен во заложништво од Хамас, на официјалното израелско радио КАН изјави дека израелските безбедносни сили директно ги нападнале домовите со тенкови и оружје по пристигнувањето во областа.
Порат тврдеше дека куќата во која побарале засолниште биле два пати мета на израелски тенкови.
Сликите обезбедени од Израел покажуваат дека обемот на уништување во домовите покажува дека штетата е над онаа што би можела да ја предизвикаат пешадиските пушки. Овие слики ја потврдуваат изјавата на Порат дека Израел куќите во кибуците ги гаѓал со тенкови.
Порат тврди дека убиените Израелци загинале во вкрстен оган за време на нападот на израелските безбедносни сили.
Контроверзноста околу овие слики покренува прашања за тоа како се манипулира со прикажувањето на настаните за време на посетата на Маск и додава масло на тековната дебата за израелско-палестинскиот конфликт.