Израелската влада донесе одлука за продолжување на нападите врз Рафах

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека израелската влада на денешната седница едногласно одлучила да го продолжи нападот врз Рафах, град на југоистокот на Појасот Газа во кој се сместени околу 1,5 милиони раселени Палестинци.

Ова е соопштението објавено и покрај тоа што челникот на Хамас Исмаил Ханије денес соопшти дека Хамас го прифаќа предлогот за прекин на огнот и размена на заробениците, што го донеле посредниците Катар и Египет.

„Продолжување на нападите за цел има ослободување на израелските заробеници и остварување на воените цели“, се наведува во соопштението на кабинетот на Нетанјаху.

Очевидци јавуваат дека израелските воздушни и артилериски сили покренаа жестоки удари врз источните делови на Рафах и го зајакнуваат военото присуство на границата За предлогот за прекин на огнот во Газа кој Хамас го прифати, кабинетот на Нетанјаху рече дека тоа е далеку од барањата на Израел, но дека се спремни да испратат делегација во Каиро на преговори за размена на заложниците.

Шефот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, соопшти денес дека ги известил претставниците на Катар и Египет дека ги прифатил предлозите во врска со спогодбата за прекин на огнот во Појасот Газа.

Соопштението дојде откако израелските сили утринава издадоа наредба за евакуација на Палестинците во источните населби на градот Рафах, потег што нашироко се смета за увертира за почетокот на долготрајниот израелски копнеен напад врз градот.

TRT Balkan / агенции
Популарни