Министерството за здравство во Газа соопшти дека, според прелиминарните информации, во нападот кој израелската војска го изведе врз бегалскиот камп Џабалиа загинаа 100 луѓе.
Во соопштението на Телеграм профилот на Министерството се наведува дека израелската војска го бомбардирала бегалскиот камп Џабалиа на северот на Појасот Газа.
Се наведува дека според првичните сознанија, убиени се 100 луѓе, а квартот 6, една од населбите во рамките на квартот, потполно е уништен.
Во соопштението се наведува дека во нападот е повреден голем број луѓе.
TRT Balkan / агенции