Очевидци велат дека израелските сили целосно ги уништиле подовите и просториите на хируршката зграда / Photo: AA

Израелските сили, по целосното уништување, се повлекоа од болницата Шифа, најголемиот здравствен комплекс во Појасот Газа, 14 дена откако го зазедоа. Зад себе оставија десетици убиени.

Очевидци велат дека откако израелската војска целосно ја уништила, се повлекла од болницата Шифа и околните населби и заминала на југ кон дистриктот Тел-ел-Хева, југозападно од градот Газа.

Тие наведоа дека пред повлекувањето израелските сили ги запалиле сите згради на комплексот на болницата Шифа.

Како што наведуваат, израелските сили целосно ги уништиле подовите и просториите на хируршката зграда на болницата и ја запалиле главната зграда за прием и итна помош, уништувајќи го целиот медицински материјал што се наоѓал во објектот.

Очевидците наведоа и дека во болницата Шифа и на околните улици има десетици убиени лица и дека израелската војска ги уништила привремените гробишта што Палестинците ги направиле во Шифа.

Палестинските официјални претставници изјавија дека болницата целосно не е во функција.

Тие наведоа дека израелската војска ја уништила целата медицинска опрема во болницата, како и салите за операции и собите за интензивна нега.

TRT Balkan / агенции
Популарни