Израелската војска најави ширење на копнените активности во Појасот Газа

Израелската војска соопшти вечерва дека нејзините копнени сили во текот на ноќта ќе ги прошират своите активности во Појасот Газа.

„Копнените сили вечерва ги прошируваат своите активности“,рече портпаролот на израелската војска Даниел Хагари на прес-конференцијата.

Хагари исто така истакна дека израелските трупи на северната граница на Израел со Либан се во „висока состојба на приправност“.

Оваа изјава доаѓа среде засилените напади на израелските воздушни сили врз Појасот Газа.

TRT Balkan / агенции
Популарни