Ситуацијата во Кан Јунис останува особено нестабилна, а честите евакуации ги покажуваат опасностите со кои се соочуваат цивилите во подрачјето / Photo: AA

Израелската војска издаде нова наредба за евакуација на жителите од неколку области на градот Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, што е четврта ваква наредба за помалку од една недела.

Наредбите за евакуација, објавени синоќа, се насочени кон жителите на блоковите 45, 50, 219 и 220 во населбите Бани Сухеила и Ал-Махата во источниот дел на Кан Јунис.

Тие се издадени по тврдењата за тековните ракетни истрели кон централен Израел од страна на Хамас и други милитантни групи кои оперираат од овие области.

Во соопштението објавено на платформата за социјалните медиуми Х, портпаролот на израелската војска Авичај Адраи ја оправда евакуацијата, велејќи дека „поради континуираниот ракетен оган од страна на Хамас и другите терористички организации од вашите области, израелската војска ќе дејствува со употреба на сила против овие терористички елементи веднаш”.

Ситуацијата во Кан Јунис останува особено нестабилна, а честите евакуации ги покажуваат опасностите со кои се соочуваат цивилите во подрачјето.

Претходно, бригадите Ал-Касам, военото крило на Хамас, ја презедоа одговорноста за истрелувањето на две ракети врз Тел Авив и неговите околни области во централен Израел, што претставува прв таков напад од 26 мај.

Израел, прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Газа по нападот во октомври минатата година од страна на палестинската група на отпорот Хамас.

Оттогаш, во тековната израелска офанзива против Појасот Газа загинаа речиси 40.000 Палестинци.

Над 10 месеци од почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа се во урнатини, каде има и блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој му нареди веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.

AA
Популарни