Израелската војска одобри план за копнена офанзива во Рафа / Photo: AA

Израелската војска вчера го одобри планот за копнена офанзива во Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

„Планот ќе биде претставен кога тоа ќе се побара од армијата“, рече началникот на Генералштабот, Херзи Халеви, во текот на седницата на Владата што ја пренесуваше израелскиот јавен радиодифузер КАН.

Израелската армија планира да започне копнена офанзива во Рафа, место каде што повеќе од милион жители на Појасот Газа побараа засолниште од војната, со цел да го победи тоа што во Тел Авив го нарекуваат преостанатите „баталјони на Хамас“.

Планираната офанзива предизвикува загриженост поради хуманитарната катастрофа во градот.

Палестинците од 7 октомври бараат засолниште во Рафа од израелските напади.

Белата куќа во средата предупреди дека израелската офанзива на Рафа „би била катастрофа“ за Палестинците“.

По обвинението за геноцид што го поднесе Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата на 26 јануари пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напади и уништување на жителите на Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

Меѓутоа, израелските сили и понатаму продолжуваат со нападите врз Појасот Газа.

Во нападите на Израел, кој е обвинет за геноцид, за 128 дена во Појасот Газа се убиени 28.176 Палестинци.

AA
Популарни