Новиот премин ќе биде отворен по инженерски работи на изградба на контролни пунктови и асфалтирање на патишта / Photo: Reuters

Израелската армија денеска објави дека планира повторно да го отвори преминот Кисуфим во центарот на Газа за да го зголеми протокот на помош во јужниот дел на Појасот Газа.

Овој потег доаѓа во време на зголемен меѓународен притисок врз Израел да обезбеди проток на поголема помош за Газа, каде што хуманитарните агенции предупредуваат на растечка хуманитарна криза на северот на енклавата.

Новиот премин ќе биде отворен по инженерски работи на изградба на контролни пунктови и асфалтирање на патишта, соопшти израелската армија.

Минатиот месец американскиот државен секретар Ентони Блинкен и секретарот за одбрана Лојд Остин испратија писмо до израелските власти во кое бараат конкретни мерки за справување со влошената ситуација во палестинската енклава.

Во писмото на израелската Влада и се дава 30 дена да ја подобри хуманитарната ситуација во Газа.

Меѓу барањата во писмото беше и отворањето на петтиот премин кон Газа.

TRT Balkan / агенции
Популарни