Израелските војници доцна синоќа смртно застрелаа дете за време на рација во градот Калкилија на окупираниот Западен Брег.
Детето, кое се здобило со сериозни повреди на главата од куршум истрелан од окупаторските сили, било пренесено во државната болница во Калкилија, каде што им подлегнало на повредите, се вели во соопштението на палестинското Министерство за здравство.
Не се дадени детали за идентитетот и возраста на детето.
Израелските војници извршија рација во подрачјето на Накар во западниот дел на Калкилија во доцните часови синоќа, според информациите до кои дојде Анадолу од очевидци.
Војниците употребиле жива муниција и гумени куршуми, како и солзавец врз палестинската младина, која се обидела да ја спречи рацијата со фрлање камења и молотови коктели.
Иако Израел сè уште нема објавено соопштение, рациите наводно биле извршени со цел да се фатат барани лица.
Од почетокот на оваа година Западен Брег е тензичен поради континуираните упади на израелската армија во палестинските градови, апсењата и ликвидирањето луѓе што ги смета за „барани“, како и поради постојаните напади на израелските доселеници во палестинските села и градови.