Тројца Палестинци загинаа денес во напад на израелско беспилотно летало во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Појасот Газа.
Палестинците се усмртени од израелско беспилотно летало додека се обидувале да стигнат до своите куќи во гратчето Фалуџа во северниот дел на Газа, изјавија очевидци.
Нападот е најнов во немилосрдната израелска офанзива врз Појасот Газа што започна по 7 октомври минатата година и покрај Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.
Повеќе од 35.700 Палестинци загинаа во израелските напади врз Газа, од кои поголем дел деца и жени, а речиси 80.000 се повредени од октомври, по нападот на Хамас.
Речиси осум месеци по израелската војна огромни делови од Газа се во урнатини, а наметната е блокада на храна, чиста вода и лекови.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој му нареди на Тел Авив да се погрижи неговите сили да не вршат акти на геноцид и да преземат мерки за гаранција дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.