Тензиите се разгореа долж границата меѓу Либан и Израел / Photo: AA

Десетици ракети денеска доцна попладне биле истрелани од јужен Либан кон Галилеја во северен Израел јавуваат израелските медиуми.

Нападите ги потврди и Хезболах кој денеска соопшти дека нејзина цел биле неколку локации во Израел во близина на либанската граница.

Во соопштение Хезболах информира дека нејзина цел била локацијата Месгав Ам (во северен Израел).

Во меѓувреме, официјалната либанска Национална новинска агенција објави дека Израел со артилерија нападнал станбени населби во пограничниот град Хула.

Тензиите се разгореа долж границата меѓу Либан и Израел во време на наизменична размена на оган меѓу израелските сили и Хезболах, во најсмртоносните судири на двете страни од 2006 година.

Пограничната тензија доаѓа во време на израелска воена офанзива во Појасот Газа. Израелската армија пд седми октомври уби повеќе од 33.600 луѓе, а повреди над 76.000 други.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремената одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејствија и да преземе мерки за да се гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.

TRT Balkan / агенции
Популарни