Израелски министер ја блокира испораката на брашно во Газа / Photo: AA

Израелскиот ултрационистички министер за финансии, Безалел Смотрич, ја спречува испораката на брашно во Појасот Газа, потенцирајќи дека резервите што ги финансираат САД се наменети за Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА).

„Пратката со недели е блокирана во пристаништето Ашдод во јужен Израел. Смотрич им наредил на царинските службеници да не ги пуштаат пратките сѐ додека УНРВА е примач“, објави американската интернет-страницат „Аксиос“ вчера.

Повикувајќи се на американски и израелски официјални лица, се истакнува дека највисокото ниво на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден споменале можност за испорака на брашно пред повеќе од еден месец.

„Американските официјални лица изјавија дека ова претставува кршење на обврските што Бенјамин Нетанјаху лично му ги ветил на претседателот Бајден пред неколку недели и уште една причина зошто американскиот лидер е фрустриран од израелскиот премиер“, објавија медиумите.

Израелските воени и безбедносни кабинети ја одобрија испораката на брашно од пристаништето Ашдод преку преминот Керел Шалом, објави веб-страницата „Аксиос“ повикувајќи се на неименувани израелски официјални лица.

Во веста се додава дека Смотрич им наредил на израелските царински служби да „не ги пуштаат пратките сѐ додека УНРВА е примач“.

Смотрич и САД не дадоа никакво официјално соопштение на оваа тема.

Неколку земји, меѓу кои САД, Велика Британија, Германија, Швајцарија, Италија и Канада, го запреа финансирањето на УНРВА по израелските обвинувања дека членови на УНРВА учествувале во планирањето на прекуграничниот напад на Хамас.

Агенцијата на ОН излезе со соопштение дека ги истражува наводите.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилните населби, училишта, верски објекти и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври минатата година.

Според податоците на Обединетите нации, 85 % од населението на Појасот Газа е интерно раселено и се соочува со акутен недостаток на храна, чиста вода и лекарства, додека околу 60 % од инфраструктурата во Појасот Газа е оштетена или уништена.

По обвинението за геноцид што го поднесе Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата на 26 јануари пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напади и уништување на жителите на Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

Меѓутоа, израелските сили и понатаму продолжуваат со нападите врз Појасот Газа.

Од почетокот на израелските напади на Појасот Газа на 7 октомври досега се убиени најмалку 28.473 Палестинци, главно деца и жени, а ранети се повеќе од 68.146 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава. Се претпоставува дека под урнатините се наоѓаат илјадници мртви.

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, но, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат Израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.

AA
Популарни