Во судирите на границата загинаа 28 либански цивили, 129 припадници на Хезболах, пет израелски цивили и девет израелски војници / Photo: AA

Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен и членот на воениот кабинет Бени Ганц порачаа дека Тел Авив може да преземе нови чекори доколку тензиите со Хезболах на либанската граница не се решат по дипломатски пат.

Ганц истакна дека ситуацијата на северната граница на Израел треба да се промени, укажувајќи на нападите што ги изведува Хезболах.

Заканувајќи се со војна против Хезболах, Ганц рече: „Времето истекува за дипломатско решение, доколку светот и либанската Влада не преземат акција да го спречат пукањето врз населението во северен Израел и да го отстранат Хезболах од границата, израелската војска ќе го стори тоа.“

Министерот за надворешни работи Коен излезе пред камерите по обиколката на границата на Израел со Либан, и како Ганц се закани со војна против Хезболах.

За водачот на Хезболах, Хасан Насрала, Коен рече: „Насрала мора да сфати дека тој е на ред.“

Повикувајќи го Хезболах да се повлече од либанската граница со Израел, Коен рече: „Ќе работиме на тоа да ја искористиме дипломатската опција на најдобар начин. Ако не успее тоа, сите опции се на маса.“

На границата, меѓу израелската војска и Хезболах од 8 октомври повремено доаѓа до судири. Во тие судири загинаа 28 либански цивили, 129 припадници на Хезболах, пет израелски цивили и девет израелски војници.

AA
Популарни