Екстремно десничарскиот израелски политичар Итамар Бен-Гвир повика на протерување на новинарите на „Ал Џезира“, обвинувајќи ја телевизијата за ширење „лажна пропаганда“ против Израел.
Повикот дојде набргу откако мрежата со седиште во Доха поднесе тужба до Меѓународниот кривичен суд (МКС) за убиството на нивната новинарка Ширин Абу Аклех додека известуваше за израелска рација на окупираниот Западен Брег.
„„Ал Џезира“ е антисемитска и лажна пропагандна мрежа која работи против Израел во светот“, напиша Бен-Гвир на Твитер.
Се очекува Бен-Гвир, кој ја предводи екстремно десничарската партија „Еврејска сила“, да стане министер за национална безбедност на Израел во претстојната израелска Влада предводена од Бенјамин Нетанјаху.
Израелскиот министер за финансии, Авигдор Либерман, исто така повика да се повлече лиценцата на новинарите на „Ал Џезира“.
„Очекувам прес-службата на [израелската] Влада да ги отповика новинарските акредитации на новинарите на „Ал Џезира“ кои се во Израел“, рече Либерман.
„Ал Џезира“ соопшти дека нејзината тужба со МКС вклучува „нови докази за сведоци и видеоснимки кои јасно покажуваат дека Абу Аклех и нејзините колеги биле директно стрелани од израелските окупациони сили (ИОФ).
„Ал Џезира“ соопшти дека тужбата вклучува „нови докази на сведоци и видеоснимки кои јасно покажуваат дека врз Абу Аклех и нејзините колеги директно пукале израелските окупаторски сили - ИОФ“.
„Доказите презентирани во Обвинителството, без никакво сомневање, потврдуваат дека немало пукање во областа каде што била Ширин, освен дека ИОФ пукале директно во неа“, наведуваат од „Ал Џезира“ и додаваат:
Израелскиот премиер во заминување, Јаир Лапид, рече дека нема да дозволи никакво испрашување на армиски војници во врска со смртта на Абу Аклех.
Абу Аклех (51), палестинско-американска новинарка, беше убиена на 11 мај, а палестинското Министерство за здравство соопшти дека била застрелана во главата додека известувала за напад на израелската војска во градот Џенин на Западниот Брег.
Во септември, израелската војска соопшти дека Абу Аклех најверојатно била убиена „по грешка“ при пукањето на израелски војник.
Неколку водечки медиумски куќи, вклучувајќи ги „Ал Џезира“ (Al Jazeera) „Си-ен-ен“ (CNN) „Асошиејтед прес“ (AP), „Вашингтон пост“ (Washington Post) и „Њујорк тајмс“ (New York Times) спроведоа свои истраги, од кои сите на крајот заклучија дека Абу Аклех била убиена од израелски куршум.