Секој ден во израелските напади животот го губат по 109 бебиња и деца во Газа / Photo: AA

Екстремно десничарскиот израелски рабин Елијаху Мали, кој работи во верско училиште во Израел, им рекол на своите воени ученици дека „денешните бебиња се утрешните борци“ во Појасот Газа и дека сите тие треба да бидат убиени.

Според весникот „Једиот Ахронот“, рабинот Мали, говорејќи на конференција во Јафа, ја повикал својата заедница што служи во израелската армија „да ги убие сите во Газа“.

Тој ја брани идејата дека тоа е во согласност со еврејската вера.

„Според законот, ниту една душа не треба да живее бидејќи ова е војна на Мицва (за да се спаси Израел од неговите непријатели и да се насели во окупираните земји). Ако не ги убиете, тие ќе ве убијат и вас“, рече тој.

На прашањето за убивањето на бебињата во Појасот Газа, рабинот Мали одговори: „Тоа, денес бебе, утре борец. Денешните терористи се децата на кои претходно сте им дозволувале да живеат. Всушност, жените се тие што создаваат терористи.“

Шефицата на опозициската Лабуристичка партија во Израел, Мерав Микаели, повика на разрешување на рабинот кој повика на масакр во својата порака споделена на неговиот профил на социјалните мрежи.

Бројот на Палестинци убиени во тековната воена офанзива на Израел врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година се искачи над 31.000, вклучително над 13.000 бебиња и деца, и над 8.900 жени, а ранети се над 72.500 Палестинци.

За време на израелските напади врз Појасот Газа, кои траат повеќе од пет месеци, секој ден во просек животот го губат по 109 бебиња и деца.

AA
Популарни