Снајперист на израелската армија во окупираниот Источен Ерусалим уби палестински тинејџер под образложение дека фрлал камења.
Во соопштението на Канцеларијата на гувернерот на Ал Кудс се наведува дека „17-годишниот Шади Висам Шиха бил убиен од војници на окупаторската држава Израел додека работел во перална за автомобили во Аната, Источен Ал Кудс“.
Според палестинската новинска агенција ВАФА, тинејџерот бил убиен откако бил застрелан од израелски снајперист.
Се додава дека тој бил убиен додека бил на своето работно место во местото Анато, кое е опкружено со Ѕидот за раздвојување.
Се наведува дека израелски снајперист, стациониран во еврејската населба Писгат Зеев во источен Ерусалим, го застрелал тинејџерот под изговор дека фрла со камења врз израелските војници преку ѕидот.
Палестинскиот тинејџер бил тешко ранет и пренесен во болница, но починал и покрај максималните напори на лекарите.
Според податоците на палестинското Министерство за здравство заклучно со 7 октомври, најмалку 625 Палестинци се убиени, а речиси 5.400 се ранети од оган на израелската армија на окупираната територија.
На 19 јули, Меѓународниот суд на правдата ја прогласи повеќедецениската окупација на палестинската земја за „нелегална“ и побара евакуација на сите постоечки населби на Западниот Брег и Источен Ал-Кудс (Ерусалим).