Ранетите и убиените Палестинци се пренесени во болницата Ал Ахли Баптист во Газа / Photo: Reuters

Израелски снајперисти пукаа на Палестинците кои чекале хуманитарна помош во Газа.

Ранетите и убиените Палестинци се пренесени во болницата Ал Ахли Баптист во Газа.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври минатата година.

Оттогаш се убиени околу 32.500 Палестинци, а 74.900 се повредени во услови на масовно уништување и недостиг на неопходни работи.

Советот за безбедност на Обединетите нации во понеделникот донесе резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа во текот на исламскиот месец Рамазан.

Додека Хамас ја поздрави резолуцијата, Израел го отфрли повикот за прекинот на огнот и вети дека ќе ја продолжи војната против палестинската енклава.

Израел пред Меѓународниот суд на правдата е обвинет за геноцид. Со привремената пресуда во јануари, на Тел Авив му е наложено да ги запре геноцидните дела и да преземе мерки за да се обезбеди давање хуманитарна помош на цивилите во Газа.

AA
Популарни