Израелски тенкови околу баптистичката болница Ал Ахли во Појасот Газа / Photo: AA

Црвената полумесечина на Палестина синоќа соопшти дека израелски тенкови се поставени околу баптистичката болница Ал Ахли во северниот дел на Појасот Газа, а судирите ги попречуваат екипите на итна помош да стигнат до ранетите.

Во соопштението објавено на социјалните мрежи се наведува дека израелските тенкови ја опколиле баптистичката болница Ал Ахли која подолг период функционира под тешки услови во северниот дел на Појасот Газа.

Поради опсадата, тимови на Црвената полумесечина не биле во можност да излезат од болницата за да им помогнат на ранетите лица во северниот дел на Појасот Газа.

Израелската војска изврши напади врз комплексите и главните згради на десетина болници во Газа, каде што се засолниле десетици иљади ранети и цивили. Израел се обидува да ги присили тие луѓе на евакуација од болницата.

Израелските војници извршија рации и во неколку болници во Газа, вклучително и болницата Ал Шифа.

Поради израелските напади, не функционираат 25 од 35 болници во Газа.

TRT Balkan / агенции
Популарни