Војниците изјавиле и дека телата на убиените биле оставени да скапуваат на улица или да ги изедат животните / Photo: AA

Израелски војници кои учествуваle во нападите на Појасот Газа од 7 октомври минатата година, признаа дека без причина пукале врз цивили, палеле куќи и сведочеле за телата на убиените на улиците.

Во веста што ја објави израелскиот портал „+972“, врз основа на изјавите на шестмина војници кои учествувале во нападите на Газа, опфатени се масакри на палестински цивили и уништување.

Според веста на израелскиот портал, во изјавите на шестмина војници е наведено дека армијата рутински егзекутирала палестински цивили за влез во области кои тие ги дефинираат како „зони за забранет пристап“.

Војниците изјавиле и дека телата на убиените биле оставени да скапуваат на улица или да ги изедат животните. Тие исто така рекоа дека армијата ги скрила повеќето од овие тела пред пристигнувањето на меѓународните конвои со помош.

Војниците признале дека биле сведоци на политика на систематско палење куќи по влегувањето во населбите во Газа.

Додека различни извори претходно изјавија дека војниците „го ублажуваат стресот отворајќи оган без ограничување“, војниците кои учествуваа во нападите изјавија дека „дури и да постои чувство на закана, вие само пукате, без објаснување“.

Зборувајќи за класификацијата на заканата, еден од војниците изјавил дека пукале во едно лице бидејќи тоа гледало низ прозорецот кон нив, сметајќи го за закана.

Друг војник објасни дека израелската армија „отворала интензивен оган на навидум напуштени места без никаква очигледна причина“ и истакна дека таквите наредби доаѓале директно од командантите на теренот, а понекогаш се случувале дури и во отсуство на наредби одозгора.

Еден од војниците зборуваше за методот користен во нападите во Газа, велејќи дека има договор кој гласел „најпрво удри, потоа поставувај прашања“.

„Ако непотребно уништиме куќа или пукаме во некого кога не мораме, никој нема да пушти солза“, рече тој.


AA
Популарни