Бен-Гвир се противеше на „хуманитарната пауза“ меѓу Израел и Хамас / Photo: AA

Израелскиот министер за национална безбедност од крајната десница, Итамар Бен-Гвир, повика на целосна окупација на Појасот Газа.

Во својата изјава на платформата за социјални мрежи Х, Бен-Гвир побара Израел да продолжи со нападите врз Газа без прекин.

Повикувајќи Газа да се окупира, Бен-Гвир рече: „Мораме да ја згмечиме Газа со сета сила, да го уништиме Хамас и да се вратиме во Појасот Газа.“

Бен-Гвир претходно реагираше на „хуманитарната пауза“ постигната меѓу Израел и Хамас, што заврши утрово. Израелскиот министер се закани и со распуштање на коалициската влада предводена од Бенјамин Нетанјаху доколку не продолжат нападите врз Газа.

Утрово заврши „хуманитарната пауза“, што стапи на сила во петокот на 24 ноември, во рамките на договорот меѓу Израел и Хамас. Израел по нејзиното завршување веднаш започна со нападите и бомбардирањето на повеќе локации во Појасот Газа, при што за само три часа загинаа 32 Палестинци.

Во Појасот Газа од 7 октомври, кога почнаа израелските напади, до прогласувањето на „хуманитарната пауза“ загинаа над 15.000 Палестинци, меѓу кои 6.150 деца и 4.000 жени, соопштија здравствените власти во енклавата.

AA
Популарни