Израелскиот десничарски министер за наследство Амихаи Елијаху во средата го повтори својот повик за нуклеарен напад врз Појасот Газа.
„Дури и во Хаг го знаат мојот став“, весникот „Тајмс оф Израел“ го цитираше Елијаху за време на посетата на градот Хеброн на Западниот Брег, во врска со неговиот претходен повик за употреба на нуклеарно оружје во Појасот Газа.
Во ноември, Елијаху рече дека фрлањето нуклеарна бомба врз Појасот Газа е исто така можна опција.
Министерот со екстремистичка реторика против Палестинците, исто така повика да се охрабри населението во Газа да мигрира од енклавата.
На 29 декември, Јужноафриканската Република поднесе случај за геноцид против Израел до Меѓународниот суд на правдата (МСП), а јужноафриканскиот правен тим ги вклучи изјавите на Елијаху за Појасот Газа во досието претставено до судот.
Израел започна офанзива на Појасот Газа по прекуграничен напад на Хамас на 7 октомври, во кој загинаа повеќе од 25.700, а беа ранети 63.740 Палестинци. Во нападот на Хамас загинаа околу 1.200 Израелци.
Според податоците на Обединетите нации, 85 отсто од населението на Газа е внатрешно раселено поради израелската офанзива и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.