Израелската Влада се заканува со санкции против весникот Хаарец / Фото: AFP / Photo: AA

Израелската влада презеде мерки за воведување санкции на весникот Хаарец, велејќи дека „објавува субверзивна и неоснована пропаганда и провокативна содржина против државата“ при известувањето за воените напади врз Газа од 7 октомври.

Во соопштението објавено од Канцеларијата на израелскиот министер за комуникации, Шломо Кархи, се наведува дека тој и предложил на владата да не објавува јавни огласи во весникот Хаарец и да ги прекине претплатите.

Министерот Кархи тврди дека причината за неговиот предлог до владата е „субверзивната и неоснована пропаганда на весникот Хаарец за време на војната и неговите провокативни публикации против државата Израел“.

Кархи рече дека поднел предлог до владата „да престане со финансирањето на Хаарец на кој било начин, како што е запирање на рекламирањето и претплатите за сите владини корисници, вклучително и израелската армија, полиција, внатрешната разузнавачка служба Шин-Бет (Шабак), министерствата.

Тврдејќи дека весникот „усвоил линија на напад што ги поткопува целите на војната, ги ослабува воените напори и општествената отпорност“, Кархи тврди дека запирањето на државните институции да купуваат услуги од Хаарец ќе ја намали сериозната штета што ја чувствуваат израелските граѓани.

AA
Популарни