Снимките на социјалните мрежи најдобро ги опишуваат овие невидени напади / Photo: AA

Илегални израелски доселеници на Западниот Брег напаѓаат конвои со хуманитарна помош на пат кон блокираниот Појас Газа и истураат брашно на патот.

Прекршувајќи ја привремената пресуда на Меѓународниот суд на правдата, Израел го продолжува нападот врз Појасот Газа, во кој од 7 октомври минатата година загинаа најмалку 34.568 Палестинци, главно жени и деца, а 77.765 луѓе се ранети.

Израел го блокира и влезот на хуманитарна помош во палестинската енклава на брегот на Средоземното Море.

А неколкуте камиони на кои им е дозволен влез во Газа се цел на напади на Израелците кои од конвојот го исфрлаат брашното наменето за палестинскиот народ.

Снимките на социјалните мрежи најдобро ги опишуваат овие невидени напади.

AA
Популарни