Израелските министри вчера повикаа на одговор откако Иран прати беспилотни летала и проектили кон Израел / Photo: AFP Archive

Израелските министри вчера повикаа на одговор откако Иран прати беспилотни летала и проектили кон Израел, како одмазда за нападот врз неговата амбасада во Дамаск во кој се убиени неколкумина воени команданти.

Министерот за финансии Безалел Смотрич рече дека земјата би можела да се соочи со „непосредна егзистенцијална закана“ доколку се двоумат да одговорат на иранскиот напад.

Смотрич го рече тоа во снимена изјава како шеф на Партијата на верскиот ционизам, емитувана на неговиот профил на социјалната мрежа Х.

„По значајната ноќ нашето подоцнежно однесување ќе ги обликува Блискиот Исток и безбедноста на Израел“, рече Смотрич.

Тој искажа благодарност до „израелската војска и системот Железна купола за нивната одлична работа за државата Израел и нејзината безбедност“.

Смортич истакна дека „очите на Блискиот Исток и целиот свет се свртени кон државата Израел“.

„Доколку се двоумиме, ќе се изложиме себеси и нашите деца на непосредна егзистенцијална закана. Нашата судбина е во нашите раце и ова е вистинско време за раководство способно да го обнови одвраќањето и има храброст да ја врати безбедност на граѓаните на Израел, не со пароли, туку со акции“, рече Смотрич.

Министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, политичар од крајната десница, исто така, повика на силен одговор на иранскиот напад. Тој порача дека „израелскиот одговор не смее да биде послаб бидејќи концептите на воздржаност и пропорционалност исчезнале од светот на 7 октомври“.

AA
Популарни