Поради израелската окупација, волјата на Арафат да биде погребан во Ерусалим не беше исполнета, но тој беше погребан во Рамала / Photo: AA

Во израелските напади врз градот Газа, уништена е и куќата на поранешниот палестински претседател Јасер Арафат, кој одигра голема улога во палестинската борба против повеќедецениската израелска окупација.

Куќата во која Арафат живеел шест години била цел на израелските сили. Голема материјална штета претрпе куќата која фондацијата „Јасер Арафат“ ја претвори во музеј.

Во 2002 година, израелските власти го ставија Арафат во домашен притвор во Рамала на окупираниот Западен Брег.

Комплексот, во кој се наоѓа и седиштето на палестинските власти, беше под опсада на израелските сили две години.

Арафат се разболе во 2004 година и беше објавено дека боледува од грип, но тој никогаш не се опорави. Во октомври 2004 година, тој беше пренесен на лекување во Франција, каде што почина на 11 ноември.

Поради израелската окупација, волјата на Арафат да биде погребан во Ерусалим не беше исполнета, но тој беше погребан во Рамала.

Постојат теории кои укажуваат на сомнеж дека Арафат бил отруен.

AA
Популарни