Израелските сили убија еден Палестинец во рамките на рацијата извршена во окупираниот Западен Брег.
Информацијата преку писмено соопштение ја потврди палестинското Министерство за здравство.
Во соопштението се вели дека израелската војска извршила рација во местото Зувата во градот Наблус кој се наоѓа во северниот дел на Западен Брег.
Се истакнува дека израелските војници во рамките на рацијата го застрелале 27-годишниот Палестинец Емир Халифе во главата и во градите.
Од друга страна, израелската војска сѐ уште не излезе со некое соопштение во врска со овој случај.
TRT Balkan / агенции