Израелски војници убија палестинско момче во Наблус на окупираниот Западен Брег.
Според палестинската новинска агенција ВАФА, избувнале инциденти меѓу израелските сили распоредени за обезбедување група еврејски доселеници што упаднале на подрачјето каде што се наоѓа гробот на божјиот пратеник Јусуф во Наблус и Палестинците кои сакале да го спречат овој чин.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека во болницата Рафидија има три лица, од кои две се тешко повредени.
Убиен е деветнаесетгодишниот Бадр Самија Рибхи ал Мисри.
Ахмед Џибрил, директор на Центарот за итни случаи на Црвената полумесечина во Наблус, изјави дека 30 лица побарале медицинска помош поради солзавецот.
Тој изјави дека израелските сили не дозволиле да помине екипата на брза помош што сакала да му помогне на бебето што било изложено на солзавец.