Загинал и член на Црвената полумесечина на Палестина / Архивска фотографија: AA

Израелската војска вчера упадна во дворот на болницата Ал-Амал, поврзана со палестинската Црвена полумесечина, во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа по десетдневна опсада.

„Окупациските сили во моментов вршат упад на плоштадот на болницата Ал-Амал (и се наоѓаат) пред надворешната капија за прием и одделот за итни случаи и пукаат жестоко“, напиша Црвената полумесечина на мрежата X.

Наведоа дека и покрај ваквата ситуација, медицинските екипи во болницата и понатаму настојуваат да ги лекуваат ранетите и пациентите.

„Денеска болницата прими седум тела, меѓу кои и на вработен во Црвената полумесечина. Опсадата и нападите траат десетти ден по ред“, наведоа оттаму.

Израел започна смртоносна офанзива на Појасот Газа на 7 октомври по нападот на Хамас. Во израелските напади досега загинаа најмалку 26.900 Палестинци, а повредени се 65.949.

Според податоците на Обединетите нации, поради израелската офанзива, 85 отсто од населението на Појасот Газа е внатрешно раселено и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.

AA
Популарни