Израел ја продолжува својата брутална офанзива врз Појасот Газа / Photo: AA

Израелските трупи денес напредуваа во коридорот Филаделфија меѓу Египет и Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, само 400 метри од Средоземното Море, во потполност изолирајќи ја на тој начин Газа од остатокот од светот.

Очевидците за Анадолу изјавија дека израелските сили напредувале до подрачјето Шведско Село, на 400 метри од Средоземното Море, проширувајќи го својот упад во коридорот Филаделфија, демилитаризирана тампон-зона долга 14 километри што се протега покрај границата Газа - Египет.

Израел ја продолжува својата брутална офанзива врз Појасот Газа и покрај Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот. Според локалните здравствени власти, оттогаш во Газа се убиени повеќе од 36.700 Палестинци, од кои повеќето жени и деца, а повеќе од 83.300 се повредени.

По осум месеци од почетокот на израелската војна огромни делови од Газа се во урнатини среде исклучителната блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој во својата последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата операција во Рафа, каде што засолниште од нападите побараа над еден милион Палестинци.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа

AA
Популарни