Нема траги од израелските заложници во болницата Ал-Шифа во Газа, во која беше извршен упад од израелските војници, додека потрагата на израелската Армија во областа продолжува, јави радиото на израелската војска, пренесува Анадолу.
„Нема траги од присуство на киднапираните лица во болницата Шифа, потрагата продолжува“, се вели во веста на ова радио.
Во веста понатаму се наведува дека „немало никаков конфликт меѓу израелските сили во болницата и пациентите кои биле на одвоен простор од војниците или со медицинските тимови во болницата“.
Израелската војска утринава изврши упад во болницата Ал-Шифа, најголемата здравствена установа во регионот во која се сместени илјадници пациенти и раселени цивили во Газа.
AA